Од септември ново зголемување на платите во МВР
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски најавува ново зголемување на платите на полициските службеници и вработените во МВР. Министерот информира дека вработените во МВР се опфатени со новиот Општ колективен договор кој важи за целиот јавен сектор и ќе ги ползуваат придобивките од него.
Спасовски потсети на неколкукратното зголемување на платите во МВР, откако го презема раководењето со институцијата.
-Тоа е така од моментот кога го преземав раководењето на МВР, бидејќи за цел овој период до денеска платите се зголемени за 25% на сите вработени. Воедно, сите бонус плати навремено се исплаќаат, а до 2016 не биле исплаќани, па вработените морале по судски постапки да ги наплаќаат. За одредени сегменти во МВР, таму каде што почувствувавме дека има потреба луѓето да бидат уште повеќе мотивирани, како што се Одделот за информатика и телекомуникации, Дигитална форензика, ИПА Одделението… тие што носат навистина можности за нови фондови – нивните плати во 2020 година беа зголемени дури за 30% за да го задржиме кадарот и дополнително да го мотивираме, рече Спасовски во интервју за Бриф.
Како што истакна, со новиот Колективен договор, од септември месец ќе имамново зголемување за 10%, за МВР второ во оваа година.
Дума.мк