Временска прогноза: Сончево со мала доумерена облачност
Објавено на 1 август, 2023 во 09:02

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени, а максималната од 26 до 36, информира УХМР.
Во Скопје времето претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер.
До петок времето ќе биде стабилно со слаб до умерен јужен ветер и со пораст на температурата. Во сабота, од УХМР соопштија декка во попладневните часови се очекува локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен ветер од јужен, а во недела од северозападен правец, кој ќе предизвика опаѓање на температурата.
Дума.мк
