Семејствата на убиените деца во „Рибникар“ ја тужеле Србија и училиштето

Објавено на 18 август, 2023 во 12:02

Семејството на едно дете убиено во мај во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград поднело тужба против државата, а друго го тужело и училиштето во кое се случи масовното убиство, објавуваат српските медиуми.

Членовите на семејствата на убиените деца во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ поднеле приватна тужба против 14-годишниот убиец Коста Кецмановиќ и неговите родители за исплаќање на нематеријална штета, објави српска „Нова“.

Се наведува дека едно семејство ја тужело државата, а друго училиштето.

Тужбата е поднесена во граѓанска постапка за надомест на нематеријална штета.

Семејствата на убиените деца поднеле претходна тужба против Кецмановиќ. Вкупно има 27 тужители.

Коста уби осум девојчиња, едно момче и еден чувар на 3-ти мај годинава и притоа рани уште пет ученици и еден наставник.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.