Крадци на бакарен кабел фатени на дело и лишени од слобода
Во кражба што вчера околу 14:00 часот ја извршиле во близина на село Рожден, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода С.Ш.(59) од село Кукуречани, битолско, Ј.Н.(53) од село Долно Ботушје, општина Македонски Брод и Б.С.(62) од село Лисичани, општина Пласница.
Крадците, два часа претходно, биле забележани кај претоварна станица на правно лице од Кавадарци, во близина на рудник кај с.Мрежичко, како со подесен алат сечат и демонтираат доводен бакарен кабел за напојување со електрична енергија на електромоторите кои ја движат транспортната трака од рудник до фабрика.
„Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти Билјана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска