Ристовска Темелковска: Менталното здравје е предуслов за добро физичко здравје
Менталното здравје на граѓаните ја вклучува емоционалната, психолошката и социјалната благосостојба на граѓаните и влијае на нивното севкупно, секојдневно дејствување и функционирање. Доколку позитивните емоции се силно изразени и психолошката состојба е одлична поточно единката или групата на граѓани ужива во социјален благодет тогаш и нивното ментално здравје поттикнува да се постигне недостижното поточно да ги постигнат целите и резултатите во секојдневниот живот, вели дипломираниот психолог Милица Ристовска Темелковска.
Денеска, 10 октомври, светот го одбележува Меѓународниот ден на ментално здравје. Ристовска Темелковска ја прашавме кои фактори влијаат на менталното здравје на граѓаните и како тоа се одразува во секојдневниот живот.
„Состојбата на нашето ментално здравје дирекно влијае на одлуките кои ги носиме и изборите кои ги правиме, влијае на тоа како се справуваме со секојдневниот стрес и со сите секојдневни предизвици. Потребно е како граѓани или како заедница да си го заштитиме менталното здравје и да се грижиме за него. Можеби многу ситуации во нашиот живот не зависат дирекно од нас, но верувајте дека многу повеќе ситуации и начини на регирање зависат исклучително од нас.
Би сакала да споделам неколку корисни совети на темата, до публиката на Дума.мк, се со цел на претходно напишаното а тоа е следното:
- Да се потрудиме во секоа една работа да го бараме доброто,
- Да се фокусираме само на добрите работи околу нас;
- Да сееме добрина околу нас;
- Да не бараме во секоја ситуација само негативности и лоши работи;
- Да се потрудиме да најдеме инспирација и во најнебитната работа околу нас;
- Да бидеме ние испирација за позитивни случувања;
- Да ги разбереме тие што се околу нас, да понудуме љубов, разбирање и поддршка;
- Да поминуваме повеќе време во природа;
- Да другаруваме и да сееме позитивна енергија;
- Да имаме здрав и квалитетн сон;
- Да го одбегнуваме стресот, да не си правиме стрес и од најмала ситуација, бидејќи и доброто и лошото се минливи а и добриот и лошиот ден траат 24 часа;
- Да бидеме трпеливи и толерантни;
- Да си го најдеме местото каде природно припаѓаме и да се поврземе;
- Да не ја бараме среќата, таа сама доаѓа кога најмалку ја очекуваме;
- Да не си поставуваме високи цели, затоа што ќе ни се родат фрустрации ако не ги исполниме;
- Да се фокусираме на нашите цели и максимално да се вложуваме за нивно остварување;
- Да не озборуваме и да не се храниме со туѓата несреќа и тага и
- Помалку време да поминуваме на социјални мрежи, повеќе со најблиските.
За жал менталното здравје на граѓаните може да биде многу кревко и нарушено од сосема мал дисбаланс. Тоа зависи од животниот период во кои се наоѓаат граѓаните и факторите кои влијаат на нарушувањето, додава Ристовска Темелковска.
„Тоа е подеднакво важно и во период на детство, и во период на адолесценција и во период на зрелоста. Па така во период на детство, однесувањето на родителите и најблиските кон детето би можеле да влијаат на нарушување на менталното здравје на детето ако тоа однесување се манифестира со притисоци. Во периодот на адолесценција, несоодветниот однос со групата на врсници би можела да го наруши менталното здравје, прифаќањето односно не прифаќањето од страна на врсници е многу значаен фактор за нарушување на менталното здравје, потоа булингот, па успехот или неуспехот на училиште, очекувањата од заедницата како и многу други фактори. Во зрела доба сигурноста односно несигурноста се фактори кои влијаат на менатлното здравје. Поконкретно сигурноста на работното место, сигурноста во бракот, во партнерската врска, во пријателската врска, општата состојба во местото во кое живеат граѓаните потоа економската криза, енергетската криза, здрвствената криза или секоја лична и колективна криза. Се ова е потенцијален ризик за нарушување на ментално здравје на подинецот или граѓанинот во локалната заедница,“ додаде Ристовска Темелковска.
Според оваа жена, велешанка и дипломиран психолог, менталното здравје е кревко и мора секојдневно да го гаиме и негуваме. Ристовска Темелкова порача дека преку грижа за менталното здравје, граѓаните се грижат и за физичкото здравје, за здравјето на децата,на семејството и на колективното здравје во заедницата. Затоа нејзината генерална порака е: „Да подариме љубов и насмевка за секој“.
Убавка Јаневска