Базар на платото пред Основен суд, велешките ракотворки продаваат разновидни подароци за денот на жената (видео и фото)

Сувенири, накит, изработени кукли, мечиња, украсни свеќи и цвеќе се рачно изработените подароци коишто за празникот на жената, 8 Март, можат да се купат како подарок за девојките, сопругите, мајките и бабите. На поставените тезги има разновидни подароци. Цените се прилагодени на куповната моќ на граѓаните на Велес. Иако само втор ден ги излагаат своите […]

4 март, 2025

Велешанката Тина Божикова раскажувач на „3Д“ креативни уметнички приказни (видео и фото)

Кога 12 години од професионалниот живот ќе посветиш на реализација на пасионираната љубов кон природата, поточно на создавање на цветни приказни преку аранжирање на букети и икебани, тогаш најверојатно е полесно креативноста да посакаш да ја надополниш со нов уметнички израз. Треба да си жена, во период од животот во којшто очекуваш да се реализираш […]

5 септември, 2024

(фото и видео) Хуманитарката Ленче Здравкин рачно изработува саксии за цвеќе

Нов начин на исполнување на слободното време си пронајде велешанката Ленче Здравкин откако таа се стекна со приматот на хумана личност уште од времето на бегалската криза. Жената што го прослави градот надвор од границите на Република Македонија со својата хуманост кон бегалците од Блискиот Исток и несебично им помагаше на рутата кон Европа, сега […]

7 мај, 2024

(Видео и фото) Од идеа до семеен бизнис: Младата велешанка Викторија Тосевска со родителите рачно изработуваат украсни миризливи свеќи

Дваесет и три годишната велешанка Викторија Тосевска минатата година, во месец декември, дошла до идеа да изработува различни, шарени и миризливи свеќи. Тосевска прво ја добила поддршката од својот татко, со кого започнале тимска работа. По првите количини на убавите и практични украси, наменети како за домовите на сограѓаните така и за просториите на компаниите тимот се зголемил за уште две раце. Тоа биле рацете и на нејзината мајка која претходно давала само сугестии.

6 мај, 2024

(Фото) Млади велешки ракотворци за Велигденските празници нудат украси од парафин, восок и рециклирана хартија  

На велигденската тезга кај Савев можеа да се забележат и зајчиња изработени од шишенца и рециклирана хартија. Овие рачни изработки се дело на неговата другарка Викторија. Нивните производи можат да се купат и деновиве доколку ги порачате.

3 мај, 2024

(Видео и фото) Рачните изработки од вуница на ракотворката Лидија Стојанова можат да го красат вашиот дом за Велигденските празници

Подметнувачи за чаши, корпи за велигденски јајца во форма на зајчиња, петли но и кукли, рачно изработени, од вуница нудеше велешанката Лидија Стојанова на тезга поставена во Младински парк во рамки на велигденскиот базар. Стојанова за изработка на рачните изработки ни изјави дека и претставуваат релаксирање. Таа исто така ни откри дека покрај вуница производите […]

2 мај, 2024

Дариа Нацева: „Целам кон тоа, секоја рачна изработка да е уникатна бидејки во секоја вложувам многу љубов а и талент од Бога“

И освен што не може  да се замислам денот да и помине без изработка на ракотворби Нацева има време и за музицирање како и за создавање на композиции што многу често ги изведува на клавир или на пијано. За крај слушнете една композиција од You Tube каналот на Дарија Арестова Нацева.

17 февруари, 2022

Креативната кавадарчанка Роса Мицајкова: Волнените рачни изработки се благодет од природата

Мицајкова вели дека токму предностите што секој може да ги почувствува кога на себе носи парче облека од природен материјал станале нејзина животна преокупација .

14 декември, 2021

Креативната велешанка Смиљка Крстевска со децении ниже „гердани од денови“

По ставањето на катанецот на влезната капија на велешка „Порцеланка“ велешанката Смиљка Крстевска дел од својот работен век го посвети токму на изборот на решение за лична самореализација.

27 ноември, 2021

Со монистра до „Везилка“ – креативен израз на велешанката Софија Лепојевиќ (Фото и Аудио)

Креативно изразување и создавање на рачни изработки, кога инспирацијата доаѓа во време што поголем број на сограѓанки го користат за гледање на телевизија, е карактеристика на велешанката Софија Лепојевиќ. Оваа шеесет и едно годишна креативна жена од монистра создава обетки и белезици како и со нижење и со ткаење декоративни сувенири. И тие се навистина итересни рачни изработки, по многу нешта уникатни, создадени како дел од македонската традиција добро позната и надвор од државата. На овој начин оваа креативна жена создава наративна уметност притоа потсетувајќи на едно минато време во коешто и децата, исто како и жените, обожуваа да ги носат како накит.

22 октомври, 2021

Срмена приказна за велешанката Нада Сарагинова од маалото кај „Стари фурни“ над Долни Дуќани (ФОТО и АУДИО)

Мојата прва изработка беше црквата Свети Наум, ја видов сликата и добив желба да ја изработам. Делото го изработив на 52 години и се до тогаш го криев мојот талент.  На платното прво ја нацртав, потоа на скицираното платно започнав да везам со срма и свилен конец.  Потоа продолжив да изработувам икони но инспирација ми даваат и убави слики, природа, животни. Се случува да станам од спиење и веднаш да почнам да цртам бидејќи платното постојано ми е на масата, додаде Сарагинова.

14 октомври, 2021