(фото и видео) Хуманитарката Ленче Здравкин рачно изработува саксии за цвеќе
Нов начин на исполнување на слободното време си пронајде велешанката Ленче Здравкин откако таа се стекна со приматот на хумана личност уште од времето на бегалската криза. Жената што го прослави градот надвор од границите на Република Македонија со својата хуманост кон бегалците од Блискиот Исток и несебично им помагаше на рутата кон Европа, сега наоѓа време да изработува сакции за цвеќе.
Добитничката на бројни државни и национални признанија за својата хуманост е и љубител на цвеќе. Но за да го сподели тоа што го има во својот двор со граѓаните ја поттикна рачно да изработува и саксии во коишто ги сади помалку или повеќе познатите видови на цвеќиња.
Здравкин на Велигденскиот базар ни ја раскажа својата приказна како и од што се изработуваат овие интересни саксии.
Ленче Здравкин може да ја исконтактирате на нејзиниот фејсбук профил доколку сакате овие прекрасни саксии за цвеќе да го красат вашиот дом, дворното место и терасите или пак работната канцеларија.
Стефани Манева