(Видео и фото) Од идеа до семеен бизнис: Младата велешанка Викторија Тосевска со родителите рачно изработуваат украсни миризливи свеќи
Дваесет и три годишната велешанка Викторија Тосевска минатата година, во месец декември, дошла до идеа да изработува различни, шарени и миризливи свеќи. Тосевска прво ја добила поддршката од својот татко, со кого започнале тимска работа. По првите количини на убавите и практични украси, наменети како за домовите на сограѓаните така и за просториите на компаниите тимот се зголемил за уште две раце. Тоа биле рацете и на нејзината мајка која претходно давала само сугестии.
Велешани можеа миризливите свеќи на Тосевска да ги купат на велигденскиот базар. Во Младински парк разговаравме со младата девојка за нејзината бизнис идеа.
Младата ракотворка ни откри дека ова е учество на трет базар во Велес. Претходно учествувала на новогодишниот и на 8-мо мартовскиот базар. Исто така Тосевска порача базари треба да се организираат почесто бидејќи се посетени од голем број на велешани. Тие за роднокрајните ракотворци претставуваат голема мотивација и задоволство да продолжат со производство.
Инаку, миризливите свеќи на оваа млада велешанка може да бидат изработени во најразлични форми и облици. Доволно е велешани на Викторија Тосевска да и објаснат за каква намена сакаат да ги порачаат миризливите свеќи коишто веднаш ќе бидат изработени.
Се што досега велешкото семејство Тосевски има изработено е видливо на фејсбук страницата Scented Studio (Scented Stidio mk). Погледнете и одлучете се.
Стефани Манева