(Видео и фото) Рачните изработки од вуница на ракотворката Лидија Стојанова можат да го красат вашиот дом за Велигденските празници

Објавено на 2 мај, 2024 во 10:02

Подметнувачи за чаши, корпи за велигденски јајца во форма на зајчиња, петли но и кукли, рачно изработени, од вуница нудеше велешанката Лидија Стојанова на тезга поставена во Младински парк во рамки на велигденскиот базар. Стојанова за изработка на рачните изработки ни изјави дека и претставуваат релаксирање. Таа исто така ни откри дека покрај вуница производите ги полни со силиконска волна.

Овие уникатни производи и деновиве можете да ги купите од Стојанова. Тие беа поставени на тезгата на велигденскиот базар. Со тоа можете да ја поддржите својата сограѓанка и да ја збогатите празничната атмосфера во вашите домови.

Инаку велешанката Стојанова со своите рачни изработки се појавува на сите организирани базари, какви што во изминатиот период беа новогодишниот и 8-мо мартовскиот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License