Прим. др Дончо Дервишов: Внимавајте вашите деца да не дехидрираат, не им давајте брза и лесно расиплива храна на пеколните жештини (Видео)
Дехидрирани поради пеколните жештини или повраќање и пролив како последица на брза и лесно расиплива храна се најчестите симптоми со кои се примаат деца од неколку месечна до осум годишна возраст на Детско одделение во Општа болница Велес. Прим. др Дончо Дервишов специјалист педијатар ги соопшти причините и даде совети за родителите како да се грижат да не се наруши здравјето на нивните деца во временски услови кога температурата во термометарот се искачува над 35 степени Целзиусови.
(Видео) Др Николовска Неделкова: Хроничните болни да внимаваат на летните вируси, го комплицираат лекувањето!
Пеколните горештини со високо УВ зрачење и наглите паѓања на температурите коишто ова лето, според синоптичарите, ќе ги имаме во изобилство се причина за промена на здравствената состојба на здравите граѓани. И не само тие туку и хронично болните кои уште е потешко се справуваат со промените кои се последица на климатските промени.
(Видео) Пчелар Најдовски: Светски ден на пчелата – „Четири од вкупниот број на залаци, во секој оброк,се производ на овој инсект што го одржува постоењето на светот“
Пчелите повеќе од 150 милиони години се присутни во формата на инсекти. Како инсекти кои поминале низ процесот на еволуција постоеле и 60 милиони години пред времето на диносаурусите како и потоа. Пчелите се од исклучително значење за опрашувањето на билките. И не само медоносните туку сите пчели кои ги има над стотина видови на опрашувачи или полинатори. Со пчелопроизводителот Благоја Најдовски денеска на Светскиот ден на пчелата разговараме за улогата на овие инсекти како одржувачи на постоењето на светот.
(Видео)Кардиолог др Николовска Неделкова: „54% мозочни удари и 47% од коронарна артериска болест се предизвикани од покачен крвен притисок, лекувањето е задолжително“
Светскиот ден на хипертензија се одбележува на 17 мај и денешниот разговор со др Весна Николовска Неделкова, кардиолог на ЈЗУ Општа болница Велес, има за цел да влијае на подигање на свесноста на граѓаните како на општина Велес така и во државата за значењето на повисокиот крвен притисок како еден од најзначајните ризик фактори кои го засегаат здравјето.
(видео) Лепче од леќа и торта од боровинка – здрави производи во „Шеќерче“ во Велес
Велешанката Емилија Алексовска во својата широка лепеза на здрави производи коишто ги приготвува за своите сограѓани во нејзиниот локал „Шеќерче“ ги нуди и лепчето од леќа како и тортата од боровинка. Овие два здрави производи може да ги конзумираат сите граѓано вклучително и вегетаријанците и веганите. Алексовска во видео изјава детално ги објаснува двата производи […]
(фото и видео) Алексовска: Колач „тирамису“ за граѓаните коишто користат здрава храна
Се почесто граѓаните слушаат совети за воведување на здрав начин на живот во кои се потенцира практикувањето на здравата исхрана. Што тоа значи? Под здрава искрана се подразбира конзумирање на здрава, разновидна и по можност што помалку обработена храна. За да ги обавуваат дневните активности и за да биде здраво, човечкото тело има потреба од […]
Кардиохирург Др Колев: Иако сте млади одете на редовни систематски прегледи, подложни сте на висок крвен притисок, дијабет и маснотии во крвта
Дали постои рецепт за „здрав живот“, на што треба да внимаваме и кои здрави навики да ги практикуваме беа само дел од прашањата одговорени од страна на д-р Александар Колев на вчерашната дебата, организирана во Јуроп хаус Велес по повод Светскиот ден на здравјето во соработка со Младински центар Велес. Публиката, во најголем број млади, […]
Најизразени случаите на карцином на дојка кај велешанки и карцином на тестиси и простата кај велешани, лекарите од велешка Општа болница со апел за редовни контроли
Болеста карцином подеднакво ги напаѓа и другите внатрешни органи како и не штеди никого,ни по пол ниту по возраст, покажуваат статистичките податоци на велешката Општа болница. Тие откриваат дека во првите месеци на календарската година ракот на грло на матка учествува со 10% во вкупниот број на малигни заболувања неоплазми,а целна група се жени од 21 до 59 годишна возраст. Овие податоци ги доби Дума.мк по првичните сознанија за зголемен број на откриени болни со карцином во последните месеци.
Ристовска Темелковска: Менталното здравје е предуслов за добро физичко здравје
Менталното здравје на граѓаните ја вклучува емоционалната, психолошката и социјалната благосостојба на граѓаните и влијае на нивното севкупно, секојдневно дејствување и функционирање. Доколку позитивните емоции се силно изразени и психолошката состојба е одлична поточно единката или групата на граѓани ужива во социјален благодет тогаш и нивното ментално здравје поттикнува да се постигне недостижното поточно да ги постигнат целите и резултатите во секојдневниот севкупен живот, вели дипломираниот психолог Милица Ристовска Темелкова.
Др Бузалков: „Не постои болест за која причинител не е пушењето цигари !“
Пушењето е причинител за едноставни но и многу потешки болести кои го напаѓаат човечкиот организам па и за тешки заболувања во кои на прво место е канцерот. Од 100 болни граѓани со карцинот на бели дробови 95 % се пушачи. Останатите 5 % заболеле од други видови на карцином или станува збор за малигно заболување кое е што е генетски условено, рече др Гоце Бузалков супспецијалист пулмолог на ЈЗУ Болница за белодробни заболувања Јасеново.
„Нарконон Балкан“: Зависноста од алкохол и наркотици се лекува, Ви ја нудиме нашата помош и поддршка
Во Македонија со години во пораст e бројот на млади адолесценти, а се спушта животната возраст кога се посега по првиот џоинт: се регистрираат случаи дури и деца на 11 – годишна возраст кои пушат марихуана. Како што можеме да забележиме по парковите на поголем број градови има многу млади луѓе, па и деца, собрани […]
Др Тренчев:„На млада возраст задолжителна вакцинација а на средна возраст редовни гинеколошки прегледи“ (фото и видео)
Според др Аристотел Тренчев специјалист гинеколог, вака откриената болест е во напредна фаза и не дозволува хирушка интервенција кај пациентките. Слушнете ги препораките на др Тренчев во разговорот снимен со цел за рано превенирање на оваа болест кај жените.
Фациоскапулохумерална мускулна дистрофија – ретко, генетско, прогресивно, мускулно нарушување
Фациоскапулохумерална мускулна дистрофија е ретко, генетско, прогресивно, мускулно нарушување кај кое најзасегнати се мускулите на лицето, лопатките и надлактиците.Името на оваа болест доаѓа одfacies (латински збор и медицински термин за лице); scapula (латински збор и анатомски термин за лопатката на рамото) и humerus (латински збор за надлактицата и анатомски термин за коска што се наоѓа меѓу рамото и лактот). Терминот мускулна дистрофија означува прогресивна мускулна дегенерација (пропаѓање) проследена со слабост и атрофија на мускулите. Слабоста најпрво и најсериозно ги зафаќа лицето, рамената и надлактиците, но болеста обично предизвикува слабост и на другите мускули. Оваа дистрофија е третиот најчест тип на мускулна дистрофија, по мускулните дистрофии на Душен и Бекер и миотоничната дистрофија.
Др Јаневска: „Канцерот на дојка кај 20 % од болните жени завршува со фатални последици по нивниот живот“ (видео)
Најчеста болест кај жените во последната деценија е карцином на дојка. Десет проценти од заболените жени се на различна возраст додека 20 % од светските истражувања покажуваат дека смртта кај жените ја предизвикува токму оваа дијагноза.
Др Панова: „ Фрапантна е статистиката за болеста канцер на простата, од година во година бројката на заболени мажи се зголемува“ (видео)
Најмалку еднаш во годината граѓаните од машка популација задолжително да посетат уролог и да извршат преглед со упат од матичен лекар е главната препорака на др Панова
Со кои сѐ кардиолошки ризик фактори можат да се соочат дијабетичарите
Потребно е постојано јакнење на свеста на граѓаните за ризик факторите кои придонесуваат за зголемување на бројот и видовите на кардиоваскуларни болести гласи генералната порака од синоќешниот настан што се одржа во Велес и на којшто присуствуваа членовите на здружението на дијабетичари „Лолипоп-Шеќерче“. Настанот особено беше посветен на дијабетот како важен ризик , којшто според […]
Во велешка болница годинава предвремено родени само пет дечиња
Од новородени 340 само пет бебиња,годинава, се родиле пред време во Велес. Нивното раѓање го извеле лекари гинеколози на Одделението за гинекологија и акушерство во ЈЗУ Општа болница Велес.
Д-р Ѓоргиевски: Дa го користиме нашето срце за нас и да го анулираме стресот
Се почесто во нашите амбуланти имаме се помлади и помлади луѓе кои стардаат од кардиоваскуалрни заболувања. Имено најмладиот пациент кој имаше инфаркт во минатата година беше девојка на свои 26 години.
Фобии – видови и лекување
Најчесто се јавуваат специфични фобии кои опфакаат страв од училиште , заболекар, возење, вода, балони, змии, дебелина, старост, високи места (акорофобија) и затворен простор (клаустофобија). Човекот обично не се плаши од самиот објект, туку од некоја страшна последица!! Жртвата на агрофобија претрпува повеќекратни стравови кои се движат околу три основни теми: страв од напуштање на […]
Убоди, каснувања од инсекти и пајаци – Кои се симптомите за анафилактички шок!!!
Повеќето убоди од инсекти создаваат само мала надразливост и следните симптоми: Отекување на местото на убодот, чешање или печење и премреност на еден дел од телото или чешањето. Но каснувањето од отровни пајаци и скорпии може да ги предизвика следните симптоми: Силана болка, вкочанетост, болка во зглобовите, стегање на мускулите, болка во стомакот, температура или […]
Хемороиди алтернативно лекување – исхрана (аудио)
Спречето го запекот со исхрана што го снабдува организмот со растителни влакна. Оброците и ужините треба да се состојат главно од овошје, зеленчук, ореви и интегрално жито, а што помалку од прехрамбена храна и месо. Ако не можете да јадете ваква храна доволно , дополнете ја вашата исхрана со средства за омекнување на изметот како […]