Др Бузалков: „Не постои болест за која причинител не е пушењето цигари !“
Пушењето е причинител за едноставни но и многу потешки болести кои го напаѓаат човечкиот организам па и за тешки заболувања во кои на прво место е канцерот. Од 100 болни граѓани со карцинот на бели дробови 95 % се пушачи. Останатите 5 % заболеле од други видови на карцином или станува збор за малигно заболување кое е што е генетски условено, рече др Гоце Бузалков супспецијалист пулмолог на ЈЗУ Болница за белодробни заболувања Јасеново.
На одбележувањето на 31 мај, Светскиот ден без тутун востановен од Светската здравствена организација (СЗО) и глобалните партнери Др Бузалков зборува и за последиците но и за одвикнување од опаката навика да се запали цигара или да се пуши.
Слушнете го краткото интервју и дознајте ги последиците по вашето здравје од секоја запалена цигара.
Убавка Јаневска