(видео) Лепче од леќа и торта од боровинка – здрави производи во „Шеќерче“ во Велес
Велешанката Емилија Алексовска во својата широка лепеза на здрави производи коишто ги приготвува за своите сограѓани во нејзиниот локал „Шеќерче“ ги нуди и лепчето од леќа како и тортата од боровинка. Овие два здрави производи може да ги конзумираат сите граѓано вклучително и вегетаријанците и веганите.
Алексовска во видео изјава детално ги објаснува двата производи и додава дека лепчето од леќа коешто благодарение на леќата содржи многу протеин е доста популарно и барано од страна на велешани.
Исто така, Алексовска во видео изјавата ги спомнува и останатите солени здрави рецепти коишто ги нуди „Шеќерче“
Следниот четврток во рубриката „Здрава и храна“ ќе бидат објавени и други здрави производи коишто можат да се купат во единствениот локал во Велес за здрава храна.
Стефани Манева