Бронхитис – Конвенционална медицина (Аудио)
Ако вашиот акутен бронхитис е последица на бактериска инфекција, лекарот најверојатно ќе ви препише антибиотици, со помош на кои би требало симптомите да се повлечат за неколку дена. Дури и ако причината е вирусна, вашиот лекар, можеби, ќе ви препише антибиотици како превентивна мерка за заштита на белите дробови од бактериски инфекции. Потоа доколку имате силна и раздразувачка кашлица лекарот ќе ви препише и средство за спречување на кашлицата. Исто така, треба да земате и аспирин за намалување на температурата и пијте многу течности.
Ако имате хроничен бронхитис, вашите бели дробови се подложни на инфекција. Во случај лекарот да не ви го советува спротивното, секоја година вакцинирајте се против грип и против воспаление на белите дробови. Вакцинирањето против воспалението на белите дробови обично е постапка што се состои од една инекција и истата ќе ве штити целиот живот од сите чести видови на оваа болест. Само во многу ретки случаи потребно е дополнителнo вакцинирање.
Божана Ќулавкова