Како ќе препознаете дека имате Астма? (Аудио)

Објавено на 7 март, 2022 во 12:14

Ако имате немир и несоница, се посилно но релативно безболно стегање на градите, мала и умерена задишеност, грчење или шушкање , свиркање при дишењето кое може да биде од сосема мало до многу гласно и кашлица понекогаш придужена со слуз.

Доколку ги имате овие симптоми и следните кои ќе ги проследите обавезно да се јавите на лекар.

Ако Вие или некој друг болен од астма има напад на астма прв пат, зашто асмата е хронична болест и може да биде многу сериозна ако не се лекува правилно. Ако пропишаниот лек против астма не дејствува за време во кое би требало, потребно е да добиете нов лек или имате тежок напад.

Исто така ако вие или некој друг болен од астма има чувство дека се задушува , што го отежнува зборувањето , ноздрите се шират, кожата меѓу ребрата изгледа вдлабната , а усните или кожата под ноктите е сивкаста или помодрена. Тоа се се знаци за краен недостаток на кислород. Веднаш повикајте Брза помош!

За заболување од Астма има повеќе причинители кои одат поединечно и во комбинација како што се алергиите на материи, поленот, тревата, правот, мувлата, тутунскиот чад, честичките од умрена кожа и плунка од животинско потекло(влакна и пердуви од домашни миленичиња) како и  инфекциите на белите дробови кои предизвикуваат астма . Маѓу другите предизвикувачи  на астма  се вбројуваат физичките напори, емоцијалниот стрес како и загадениот воздух.

Божана Ќулавкова

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.