Анализа на безбедноста на новинарите и медиумските работници во локалните заедници

Објавено: 30 ноември, 2025, во 03:18 часот

Во Вардарски плански регион, каде што Дума.мк секојдневно произведува медиумски производи и во останатите плански региони на Северна Македонија од ден во ден има се помал број на локални медуми. Медиумите згаснуваат додека вработени новинари, новинарки и медиумски работници остануваат без работа. Ова го потврдува и анализата на ССНМ „Медиумски пустини во Македонија“ во која се констатира дека локалното новинарство е во изумирање.

Проектот „Гласно и јасно!“ ги едуцира и охрабрува новинарите и медиумските работници  кои се воглавно демотивирани, исцрпени и обесхрабрени. Воедно, проектот придонесува за едукација и освежување на идентитетот и општествената улога што новинарите и медиумските работници треба да ја имаат во заедницата. Проектните активности позитивно влијаат новинарите да се почувствуваат моќни во одбраната како на својот интегритет така и во спротивставувањето на локалните моќници независно дали тоа се политичари, нивни симпатизери или бизнисмени.

Проектот „Гласно и јасно!“  ги едуцира новинарите во внатрешноста, за правата кои ги имаат, ги мотивира да не се двоумат и да пријават секаков вид на притисок, закана, омаловажување и дискредитација. На иста маса иницира дебата со преставници на најзначајните институции ( полицијата, судовите и обвинителството) поточно институциите кои ги процесуираат пријавите или ги судат односно гонат новинарите, со цел да им помогне и да го намали притисокот врз нив. Проектот поттикнува на размислување кон логични решенија кои би овозможиле да се надмине актуелната ситуација во која сè помал број на млади се определуваат за новинарската професија. На порталот Дума.мк креирана е посебна категорија во која што новинарите и медиумските работници можат да пријават секојдневно прекршување на нивните права или закани.

Целна група на проектот се локални новинари и медиумски работници од четири градови, од четири плански региони во С. Македонија. Позитивната промена која ја носи проектот е едуцирани новинари и медиумски работници за остварување и заштита на новинарски права и слобода, поттикнување на гласност како и охрабрување и без двоумење за достоинствено, независно, јавно и транспарентно вршење на новинарската професија. Додадената вредност на проектот која произлезе од спроведените активности е вмрежување на сите засегнати страни во општеството, со актуелизирање на проблемите како и мотивирање за понатамошна меѓусебна соработка.

Проектот придонесе кон директно остварување на резултатите преку практична имплементација на 4 обуки и 4 дебати, билатерални средби за соработка, спроведување на 3 кампањи на социјални медиуми за подигнување на јавната свест како и мотивирање за континуирано пријавување на прекршени права, закани, уцени, дискредитации итн.

Обуките, дебатите и средбите беа организирани во општините Велес, Прилеп, Штип и Куманово со вкупно 71 учесник од кои 41 новинар/ка и медиумски работници како и 30 претставници на локални и национални институции.

Организираните обуки, средби и дебати придонесоа кон појасно согледување на состојбите во професијата на локално ниво во различни македонски региони, со особено внимание кон состојбите со безбедноста на новинарите и медиумските работници и тужбите како и СЛАПП тужбите.  Учеството на претставниците на надлежните локални и национални  институции придонесе за согледување на ставови како и разгледување на расположивите законски механизми и бариери за нивна доследна примена, во насока на заштита на новинарите и медиумските работници. Вклучувањето на претставниците на бизнис заедницата, најчести подносители на СЛАПП тужби, овозможи почетен исчекор преку нивно запознавање со расположливите механизми на искажување на незадоволство од работата на новинарите, преку жалби пред Судот на честа на Здружение на новинари на Македонија и пред Комисијата на Советот за етика во медиумите.

Активностите за видливост и промоција на проектот придонесоа за јакнење на јавната свест и информирање на јавноста за реалните состојби со кои секојдневно се соочуват новинарите и медиумските работници во нивната професионална работа.

Проектот придонесе кон остварување на целта на програмата Safejournalists Network спроведена и финасиски поддржана од Европската унија, во насока на подобрување на безбедноста на новинарите преку обука и поддршка, зајакнување на правната и институционалната рамка за слобода на медиумите и следење на прекршувањата.

Анализата е дел од спроведените активности на проектот „Гласно и јасно!“ на Регионален веб портал Дума.мк како дел од Програмата за поддршка на граѓански и медиумски организации на „SafeJournalists Network” финансиран од Европската унија.

Сподели:
safejournalist-logo eu-logo

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.