Новинарот Боби Христов прогласен за технолошки вишок, ССНМ бара Телма да ја преиспита одлуката

Објавено: 30 септември, 2026, во 12:27 часот

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразува сериозна агриженост поради најавената реорганизација во телевизијата Телма, со која позицијата на долгогодишниот уредник и новинар Боби Христов се укинува и тој се прогласува за технолошки вишок. Синдикатот соопшти дека целосно застанува зад својот член и го повикува раководството на телевизијата да ја преиспита одлуката, водејќи сметка за работничките и професионалните права.

„Според известувањето кое беше доставено до Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, ТВ Телма започнува процес за прогласување на технолошки вишок во компанијата, заедно со нова програма и прераспределба на работни позиции. Но загрижува фактот што реорганизацијата е насочена само кон едно лице – долгогодишниот уредник и новинар Боби Христов чијашто позиција целосно се укинува и се прогласува за технолошки вишок. Загриженоста не само за работничките туку и за професионалните права и слободата на новинарите е уште поголема, земајќи го предвид фактот дека реорганизацијата и новата програма директно таргетираат долгогодишен искусен новинар“, соопшти ССНМ.

Од Синдикатот се категорични дека ваквите сериозни структурни промени во медиумите, кои имаат за задача да го штитат јавниот интерес, мора да се прават внимателно, според сите законски прописи, но и имајќи ја предвид чувствителноста на состојбата во медиумската сфера.

Убавка Јаневска

Сподели:
safejournalist-logo eu-logo

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.