Полицијата, судот, обвинителството, бизнис заедницата и новинарите разговараа и дебатираа во Велес

Објавено: 10 јули, 2025, во 13:36 часот

За закони, процедури и постапки за заштита на новинарите од закани, вербални и физички напади, пријави, онлајн притисоци и SLAPP тужби против новинари како и медиумските работници разговараа и дебатираа преставници на СВР Велес, Основен суд Велес, Основно јавно обвинителство Велес, бизнис заедницата и новинарите.

На разговорот и на дебатата претходеше тричасовна обука на новинарите во Велес за предизвиците на слободното и професионално новинарство во локалните заедници, за најчесто практикувани закани кон новинарите и модели на заштита од замолчување и застрашување од страна на обучувачот Перо Момировски м-р по комуникациски науки.

Исто како и на обуката така и на почетокот на дебатата, м-р Момировски, ги соопшти 11 регистрирани напади на новинари и медиумски работници, двете запалени возила во сопственост на новинари во Охрид и во Штип како и статистиката на поднесени SLAPP тужи против новинари во која, засега ,годинава покажува дека веќе поднесени се две, за разлика од минатата, 2024 година, кога беа поднесени 8 или две повеќе од 2023 година и три повеќе во однос на 2022 година.

Овие податоци ја поттикнаа дискусијата и дебатата во која новинарите воглавно бараа одговори на прашања како да ја заштитат објавената информација од јавен интерес од последици врз себе и медиумите во кои работат додека претставниците на СВР Велес, Основен суд Велес и Основното јавно обвинителство ги соопштија постапките согласно законите кои им го овозможуваат тоа право. Во дебатата беше потенцирана и медијацијата пред тужба против новинари или медиумски работници во граѓански спорови којашто е прифатлива за Основен суд Велес.

Претставниците на бизнис заедницата ја потенцираа отвореноста за соопштување на став како еден од изворите на информации во медиумските производи без разлика дали станува збор за новинарски текст или истражувачка приказна. Бизнисмените имаа забелешка за намалената продукција на економски теми во медиумите за што како решение соопштија дека договориле преку Стопанската комора на Македонија стипендирање на 10 новинари за  едукација или специјализација за економски вести.

Овој настан, обука и дебата, активности се од проектот „Гласно и јасно!“ спроведуван од Регионален веб портал Дума.мк како дел од Програмата за поддршка на граѓански и медиумски организации на „SafeJournalists Network” финансиран од Европската унија.

Убавка Јаневска

Сподели:
safejournalist-logo eu-logo

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.