Правосудните институци и полицијата во Штип немаат ист „аршин“ кога мерат поплаки и тужби од бизнисмени и од новинари – осудителна пресуда по СЛАПП тужба има еден новинар и уредник на локален медиум
Објавено: 24 септември, 2025, во 09:13 часот
Обуката ја отвори Убавка Јаневска, координатор на проектот „Гласно и јасно!“ истакнувајќи дека проект има за цел на локални новинари/ки и медиумски работници/чки, во Штип и во уште три градови (Велес, Прилеп и Куманово), да им овозможи едукација за предизвиците на слободно – професионално новинарство кои што се базираaт на општоприфатени вредности, принципи, професионални стандарди и практики; за најчесто практикуваните видови на закани и притисоци кои влијаат на нивната безбедност (тужби и СЛАПП тужби) откако голем број новинари во локалните заедници во внатрешноста на државата како единствен спас посегнаа по саморегулација како и за моделите на заштита на новинарите од замолчување и застрашување со цел да се мотивира фелата да го пријави секој инцидент за да може да се употреби механизмот на колективна заштита преку солидаризирање.

Обучувачот Перо Момировски одржа интерактивна обука со презентација на темите: „Новинарите и предизвиците на слободното – професионално новинарство“, „Најчесто практикувани закани (безбедност, притисоци, онлајн, SLAPP тужби) и „Модели на заштита на новинарите од замолчување и застрашување“. По презентираните бројки кои говорат за сериозната криза во која се наоѓа новинарството во С. Македонија (поради се помалиот број на професионални новинари и медиумски работници поточно намалување од 150 за 1,5 година, присутните новинари од Штип кажаа дека единствено што овој град има третман на дописен центар за најголем дел од подрачјето на Источна Македонија го разликува од останатите поголеми градови во државата.

Локалните новинари, дописниците и хонорарно ангажираните медиумски работници од Штип се во иста положба со сите останати колеги во државата.

Овој прв предизвик, социо – економски статус е лош и нестабилен. И во Штип рекламерите – бизнис заедницата не ги препознава доволно локалните, регионалните или единствениот медиум со национална концесија. Запаленото возило на новинарот и сопственик на Регионална ТВ „М нет“ со седиште во Штип, Благој Серсемов, случено на 28 октомври 2024 година, беше вториот предизвик за кои што беше речено дека колегата до сега нема добиен службен полициски документ додека СЛАПП тужбата против него за објавен серијал текстови за сомнителна работа и заработувачка со брзи кредити, иако е тема од јавен интерес, веќе е во жалбена постапка пред Апелациски суд откако Основен суд Штип донесе осудителна пресуда за новинарот и уредник која е парична, поточно, за плаќање отштета во висина од 350.000 денари и дополнителни 100.000 денари за судски трошоци.

Колегата Серсемов ги издвои постојаните закани на кои што тој и неговото семејство се подложени, најчесто испорачани на вибер, кои иако засегаат по неговиот и животот на неговото семејство, засега не резултираат со процесуирана службена белешка од СВР Штип иако новинарот пријавил сомнителен заканувач. Овие неколку случаи ги обесхрабруваат останатите новинари да пријавуваат закани затоашто се во дилема дали треба повеќе да се плашат од насилниците или од неажурноста на институциите кои не ги третираат новинарите како службени лица по донесените измени на Кривичен закон. „Сериозно е прашањето зошто законот те третира кога наводно си го прекршил кон засегната страна а не те третира исто кога си оштетен, кога пријавуваш упатени закани кон себе,“ констатираа новинарите. За нив трет предизвик е фактот што секој може да им се закани па и адвокат, на голема фирма во Штип, којшто се охрабрил од новинарка да бара да му открие извор на информација со предупредување „Дали знаеш кој сум јас!“. Или , во ситуација на следење судски процес за изградбата на Клиничката болница, што 8 години се гради и сеуште не е доградена во Штип и за која покрај докази сеуште не е докажана голема корупција. Но, судијката на Основен суд Штип која што го води судскиот процес на новинарка на рочиште и поставила прашање „КОЈ ВЕ ПРАТИ?!“ . „Тоа е гард кој предупредува „Не оди понатаму!“, констатираа новинарите.

Во дебата на новинарите со преставниците на Сектор за внатрешни работи Штип, Основен суд Штип, Основно јавно обвинителство Штип, Апелациски суд Штип и претставник на Судско медиумски совет на Македонија беше констатирано дека вакви дебати се добредојдени за локалните новинари кои можат директно да се соочат со првите луѓе на локалните институции и да ги отворат најсуштествените прашања за новинарската и медиумска работа. Особено кога има случаи на закани, по животот на новинари и на нивни семејства за што одговорните институции засега одолговлекуваат постапка по пријава од новинар што воопшто не е исто кога новинари и медиумските работници се тужени. Апелот на судија Ѓорги Андонов, дека новинарите треба да бидат во поголем број присутни на вакви ретко организирани настани потребно е многу сериозно да се свати и да се користат сите форми на законски можности за заштита од тужби и СЛАПП тужби.
Овој настан, обука и дебата, активности се од проектот „Гласно и јасно!“ спроведуван од Регионален веб портал Дума.мк како дел од Програмата за поддршка на граѓански и медиумски организации на „SafeJournalists Network” финансиран од Европската унија.
Стефани Манева

