Годинешните лауреати на „Рацинови средби“, Андоновски и Јазбец засадија садници во Рациновата шума

Објавено на 7 јуни, 2019 во 16:31

Venko i Jazbec fin

Добитниците на Рациновото и почесното Рациново признание за 2019 година, проф. д-р Венко Андоновски и Неговата Екселенција Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија, ја продолжија традицијата на засадување садници во шумата на Рацин. Тие на 6 јуни, на самиот почеток на годинешното издание на поетската манифестација, ги засадија своите садници.

KocevskiVenkoiJazbec fin

Шумата на Рацин започна да се подига во 2014 година, на површина под Спомен костурницата на загинатите борци во Народно ослободителната војна. Од тогаш во неа садници засадуваат лауреатите, добитници на Рациновото признание и на Почесното рациново признание, и на тој начин оставаат траен белег.

spomenik fin

pisateli fin

Исто така учесниците и гостите присуствуваа и на чинот на положување свежо цвеќе и оддавање почит пред Рацин, на спомен костурницата од страна на делегации на општина Велес, јавни институции од градот, претставници на Советот на Општина Велес, на Друштвото на писатели на Македонија и други.

На проф.др Венко Андоновски и на Неговата Екселенција Милан Јазбец, Амбасадор на Република Словенија во државава, вечерва, на 7 јуни, ќе им бидат доделени признанијата на свеќеното затворање на 56 „Рацинови средби“ што ќе се одржи во велешки театар со почеток во 20 часот./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.