Афористичар Коки: „Моралот сеуште ни е на цена, во градот не постои ниту еден балкон – без гаќи“

Објавено на 24 октомври, 2023 во 09:27

Во неделниот афористички поглед на Никола Бошковски – Коки се нови шест афоризми инспирирани од секојдневниот живот на граѓаните. За творечка и релаксирана работна недела од Коки следново:

-Првата љубов е евергрин, сите останати се само хитови.

-Ве уверувам дека во нашето судство сеуште постојат чесни, одговорни и сериозни судии и адвокати, нив не можете да ги купите за смешни пари.

-Моралот сеуште ни е на цена, во градот не постои ниту еден балкон – без гаќи.

-Кога тагувате по загубата на својот животен сопатник,несомнено посакувате солзите да ви капат длабоко во внатрешноста на очите,за да неможе сонцето никогаш да ги пресуши.

-Наместо на девојката да и запее,пејачот и „свирна“, сега таа му пее на бебето.

-Постојат жени кои можете недвосмислено да ги поистоветите со мачките, не гледаат во кој скут предат.

КОКИ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.