Доделени наградите за најдобри афоризми во склоп на манифестацијата „Велешка поетска вечер“
За прв годинава во склоп на културната манифестација „Велешка поетска вечер“ којашто се организира по 14 пат, беше обајвен конкурс за афоризми на тема „Човек“ од страна на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“. На конкурсот биле примени сетови афоризми со најмногу 10 од вкупно 48 автори. Претседателот на жири комисијата, Атанас Крлевски, рече дека се задоволни од одѕивот посебно бидејќи станува збор за прв конкурс.
-Задоволни сме и од квалитетот на афоризмите. Многу автори ја сфатиле многу пошироко темата и не беа земени во конкуренција за награди. Меѓу авторите имаше и помлади, но тоа е малку за да се каже дека сатирата кај нас има перспектива во тој однос. Жири комисијата одлучи да се додели и Специјална награда за најдобар етноафоризам – афоризам според народна поговорка, пословица, исказ со што на некој начин се афирмира и и толку богатото македонско народно творештво. Се надеваме дека Конкурсот ќе стане традиционален со што и во иднина би давале придонес во развојот на македонската сатира, додаде Крлевски.
Првата награда жири комисијата во состав и на Лили Арсова и Јасмина Ѓорѓиева како членови, заедно со Крлевски одлучиле да ја добие струмичанецот Ристо Филчевски. Втората награда Марјан Ангеловски од Скопје и третата награда Драганчо Тасески Изворски од Кичево. Потоа, наградата за најдобар афоризам се додели на Верица Блажевска од Скопје. Пофалници се поделеја на Витомир Долински, Ацо Ѓоргиев, Елеонора Николовска и Миле Ѓорѓијоски.
Специјалната награда за етноафоризам ја доби охриѓанецот Миле Ѓорѓијоски додека Пофалница доби велешанецот Кире Василевски.
„Велешката поетска вечер“се одржа во петокот, на 15 септември во просториите на Ликовен Салон и беше организира од Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во соработка со Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев “.
Стефани Манева