(фото) Одржана трибина „Книжевниот превод – прозорец кон светот“ во склоп на 61 Рацинови средби
Во рамките на 61 Рацинови средби, денеска, во Јуроп хаус Велес се одржа и трибина на Владимир Илиевски насловена „Книжевниот превод – прозорец кон светот“ на која истакнати соговорници го дадоа своето мислење за состојбите во издавачката дејност и можноста за повеќе книжевни дела кои се од различни жанрови да бидат преведени и достапни до читателите надвор од Македонија.
На поставените прашања свое мислење и одговори даваа добитничката на овогодинешното Рациново признание 2024 Фросина Прамаковска, значајниот македонски издавач, уредник и сопственик на „Македоника литера“ Нове Цветаноски и д-р Васко Шутаров поранешен директор на македонскиот културен-информативен центар во Софија.
-На трибината говорниците ги искажаа своите ставови на механизмите, алатките, за што е можно по брз, по квалитетен книжевен превод и достапност на македонската книга ширум светот. Нормално беа посочени и одредени неправилности и потешкотии тоа да се реализира меѓутоа исто така беше потенцирано дека живалоста на македонскиот писател е поголема од проблемите така што беа лоцирани и местата и алатките со кои на наједоставен начин македонската книга ќе се рашири во книжевните средини во Европа и светот, додаде Илиевски.
На трибината беа присутни голем број на македонски поети и писатели како и професори.
Стефани Манева