Граѓански фото објектив – Муралот посветен на Кочо Рацин во Велес
„Велес е препознатлив по безвремениот поет Кочо Рацин. Објектите, поврзани со него се од интерес на фотограферите. Овој пат ви нудам една моја постара фотографија со интересен мотив од една стамбена зграда во градот, дело на стрип цртачите која посебно ги привлекува туристите“, вели велешанецот Атанас Крлевски за фотографијата којашто ни ја испрати овој понеделник.
Овој мурал се наоѓа на зграда на улица „8-ми Септември“, наспроти плочникот пред зградата на Основен суд Велес или за граѓаните попозната како поранешна воена зграда. Големината и уметничкиот израз на стрип цртачите го привлекло внимането на велешанецот Атанас Крлевски.
Дума.мк ги поканува граѓаните од Свети Николе, Велес, Чашка, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија да станат наши граѓански фото репортери.
Да ги овековечиме убавините на вашите градови и на Македонија!
Дума.мк