Издумани Крлевизми: „И волкот сит и овците на број! Паселе во туѓи ливади“

Објавено на 24 октомври, 2025 во 14:06

Десет нови Издумани Крлевизми од афористичарот Атанас Крлевски. Овој петок кратки, остри и духовити афоризми со кои сќе Ви поттикне насмевките и размислување.

-Мозокот на овцата постојано е на пасење.

-Овцата ја седнаа во фотелја и… боде како да е овен!

-Од село дојдоа како овци, а во град станаа волци!

-Во бракот бев јагне, ама излегов овца. Таа си фатила овен.

-Имам смарт овци. Ги молзам со лозинка.

-Овците ги уништивме. Ќе не јаде волкот.

-Ако овенот е на ражен, на овчарот не му се сите овци на број.

-Сакам да бидам овчар, ама со скратено работно време. Додека овците пладнуваат.

-Ако те прогласат за црна овца, нема да видиш бел ден.

-И волкот сит и овците на број! Паселе во туѓи ливади.

Афористичар Атанас Крлевски

Дума.мк

    Сподели:

    Напиши коментар

    Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.