Издумани Крлевизми: „Околу нас циркус до циркус и во секој само мајмуни“
Објавено на 6 декември, 2024 во 10:43
Афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски, денеска, за вас, читателите на Дума.мк, стави на распоред за читање 10 афоризми од неговото творештво:
„Полтронот не личи на себе. Личи на шефот!“
„Мрзеливецот лесно се фаќа на дело. Под првата дебела сенка.“
„Кукулот си е кукол, па и со купена диплома.“
„Тој оди пред своето време, а ние нему – занесеник!“
„Често е цитиран. Преку неговите гафови.“
„Околу нас циркус до циркус и во секој само мајмуни.“
„Плитките најдлабоко загазуваат.“
„Седи на две столици, чекајќи фотелја.“
„Јас сум писателско чудо. За една книга сум добил сто и една награда.“
„Кога елитата греши, тоа се зицер грешки.“
Ваш, Атанас Крлевски