Издумани Крлевизми: „Полтронот има доверба во шефот. Нема во себе!“
Објавено: 28 март, 2025, во 13:44 часот
Афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски за читателите на Дума.мк ги става на располагање следниве напишани 10 афоризми:
„Овцата ја седнаа во фотеља и… боде како да е овен!“
„Јас сум жена од доверба,“ рече гатачката.
„Ако пријателството е куќа, сите мои куќи се без клучеви.“
„Љубовта е пасош, а довербата виза за брак.“
„Полтронот има доверба во шефот. Нема во себе!“
„Ладна е како книга, ама не ја прочитав пред бракот.“
„И чекорот назад открива нови хоризонти.“
„Љубовта е болест со нејасни симптоми.“
„Мандатот живее подолго од довербата.“
„И волкот сит и овците на број! Паселе во туѓи ливади.“
Афористичар, Атанас Крлевски


