Коки: „Родители, потрудете се сами да ги воспитувате своите деца, просветните работници не се платени за тоа.“

Објавено на 26 август, 2024 во 09:18

Понеделнички седум нови афоризми од велешкиот афористичар Коки за читателите на Дума.мк.

-Колку многу правнички, толку повеќе дупки во законот.

-Некогаш по патиштата, луѓето ги пресретнувале и ограбувале разбојници со пушки, а денес…тоа го прават модерниве арамии со бесрамно, енормно зголемени патарини.

-Ако цениме според наталитетот, и во сексот западнавме во долгови.

-Баба ми вели, дека сексот е интелектуална работа, но кој со својот интелект учи и практикува секс од книги, тој ги плаќа печатните грешки.

-Родители, потрудете се сами да ги воспитувате своите деца, просветните работници не се платени за тоа.

-Неженет е оној човек, кој понесен од желбата да го дофати и преврти Евиниот лист, ќе наиде и ќе се опече…од коприва.

-Моите комшии се навистина неразделна брачна двојка: понекогаш ниту полицијата не е во состојба да ги раздели.

Афористичар Никола Бошков – Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.