Божиќен концерт и хуманост!

Објавено на 4 јануари, 2013 во 16:10

По единаесети пат ОМБУ “Лазо Мицев Рале“ ја почести кавадаречката публика со божиќен концерт. За разлика од претходните години, овој концерт имаше и хуманитарен карактер.

Даруваа учениците но,  хумани беа и дел од граѓаните,  односно публиката која го следеше концертот. Целта е како што најави директорката на училиштето Весна Арангелова да се пробуди свеста за хуманост кај младите и да се поттикнат своето да го поделат со оние на кој им значи помошта многу повеќе. Собраните производи ќе им бидат донирани на најранливите групи на граѓани за време на божиќните празници.

Хорот на училиштето го отвори Божиќниот концертсо  композицијата “за овој свет“. Подмосковски вечери и кацјушка, на хорот при Основното Музичко училиште го најавија извонредниот настап на Неготинци, по кој следуваше квартет три виолини и пијано, неколку настапи на млади но извонредни пијанисти, хармоника, вокални изведби, труба.

Аплаузи од публиката добија и гостите, поранешни ученици на ОМБУ “Лазо Мицев Рале“, а сега средношколци во училиштата по музика во Штип,  Скопје и Битола.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.