Македонскиот игран филм ,,Трето полувреме,, вечерва пред велешани!

Објавено на 5 април, 2013 во 08:20

На две кино проекции, во 18  и 20,30 часот, во салата Бели мугри  и  со бесплатни влезници љубителите на филмската уметност ќе можат да го проследат најновиот македонски филм.

„Трето полувреме“ е приказна од времето на втората светска војна и посветена на неколку луѓе собрани околу најзначајната споредна работа во светот, фудбалот.

Филмот е посветен на играчите на ФК Македонија, нивниот германско- еврејски тренер Рудолф Шпиц и основачот на клубот Димитрија, кој треба да избере меѓу љубовта кон тимот или лојалност кон новиот поредок.

Филмот е инспириран од вистинските случки во Македонија за време на бугарската окупација во втората светска војна.

Режисер на филмот „Трето полувреме“ е Дарко Митревски, сценарист Гргур Струјиќ. Во него играат актерите : Сашко Коцев, Катерина Ивановска, Раде Шербеџија, Игор Ангеловски, Ѕвезда Ангеловска, Петар Арсов, Митко Апостолов, Бедија Беговска, Гораст Цветквоски и други.

Проекцијата на „Трето полувреме“ во Велес се случува откако министерството за култура на велешки театар му додели дигитален кино проектор. Инаку, Велес скоро една деценија нема градско кино./Е.Н.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.