Актерот Драган Спасов Дац добитник на награда за животно дело „Петре Прличко“

Објавено: 7 ноември, 2013, во 15:08 часот

Тричленото жири во состав Васил Зафирчев, Јордан Витанов и Зоран Љутков одлучи ова признание да го додели на Спасов кој иако до сега е најмлад добитник, зад себе има како што стои во образложението богат актерски живот.

„Овој актер е од помладата генерација, но се експонирал со голем број впечатливи актерски остварувања  и се наметнал  со својата продуховена и свежа игра кај публиката и критиката. Тоа е Дац.  Тој со изразена моќ на силна уметничка трансформација ја прави неговата игра полна со  нијанси, суптилна, трогателна, нежна и лирична, секогаш духовите и свежа. Драган Спасов зрачи до сцената  со своите физички и психолошки нијанси, создава современа и модерна актерска игра – рече актерот Васил Зафирчев во образоложението на жирито за наградата.

Инаку ова е осма награда „Петре Прличко“ која ја доделуваат Здружението на актери „Џинот“ и општина Велес. Плакетата и паричната награда на Спасов ќе му бидат врачени во сабота вечер, а во негова чест велешкиот театар ќе ја одигра претставата ,,Ноќите во бел сатен“. Во трката за неа учествувале двајца актери, но пресудно било жирито да му ја додели наградата за животно дело на Дац бидејќи како што рекоа е релативно млад актер и има голем актерски опус.

„Тој е првенец на драмски театар, тој е поминат низ многу значајни улоги, сите го знаеме неговиот актерски опус и историјата во тетарот. Актер на 51 година има направено над 150 улоги од кои половината и повеќе се главни со одличен квалитет и е многу наградуван за тоа“, рече Зоран Љутков, член на жирито.

Против кандидат на Спасов беше актерот од велешкиот театар Александар Ѓеорѓиевски. Тој е еден од основачите на професионалниот велешки театар и со него раководеше 15 години. Ѓеоргиевски има одиграно стотици улоги, бил близок пријател и колега на Петре Прличко, чие име го носи наградата за животно дело. Тој годинава ќе се пензионира.

Драган Спасов Дац  пак од 1992 година работи како актер во Драмски Театар, Скопје. Има одиграно улоги во повеќе театарски но и филмски проекти како што се „Свадбата на Фигаро“, „Сон Жуан“, „Грев или шприцер“./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.