Истер Фест со ново име и на нова локација во Велес
Сега веќе реномираниот музички фестивал го носи името на градот и наместо внатре во спортската сала Гемиџии, годинава ќе се одржи на отворено, на помошното фудбалско игралиште во Градскиот парк.
„Гледајки ги овие две години Велес ,па и останатите градови за Велигден се полупразни ,а луѓето сакаат да го поминат празникот со своите семејства. Затоа решивме да го поместиме фестивалот ,се со цел да имааме поуспешна манифестација и традицијата да остане. Плус кога видовме колку врнежливо беше за празниците тогаш гледаме дека е добро што го поместивме оти годинава сме на отворено па не ни треба дожд„рече Зоран Јаневски организатор на фестивалот.
Годинава велешани ќе ги забавуваат велешките бендови „Грејс“ и „Д Битс“, а по нив следува скопската група „Пеперминт“. На крајот како „врв на шлагот“ ќе настапи легендарниот Игор Џамбазов и бендот Гуру Харе. Целовечерната забава ќе ја заокружи Ди џеј Коста.
„Сметаме дека е многу важно поддршка да и дадеме на локалната сцена. затоа фестивалот го отвораат два состава од градов. Потоа следува пеперминт еден од најпопуларните бендови во моментов и мислиме дека тие ќе привлечат доста од помладата публика ,а Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд не треба многу да се претставуваат тие со години се докажани во оваа работа„ рече организаторот Филип Коруновски.
Годинава фестивалот ќе биде надополнет и со неколку новини. Дел од љубителите на фестивалот веќе се најавија како кампери, а за време на настанот ќе се прожектираат црно бели филмови.
„Половина од стадионот ќе биде оставен празен за кампување ,затоа што имаме најави дека ќе присувствуваат некои мото клубови и велосипедски клубови. Исто така сакаме да направиме и новина ,а тоа е да прожектираме црно бели филмови,“ рече Јаневски.
Генерален покровител на фестивалот е општина Велес. Фестивалот ќе се одржи на 7-ми јуни, а влезницата ќе чини 100 денари./Д.С