Издумани Крлевизми: „Дојдов до вистината, а таа со поминат рок!“

Објавено на 15 декември, 2023 во 11:36

Викендот го започнуваме со насмевка благодарение на новите седум издумани Крлевизми од велешкиот афористичар Атанас Крлевски. Прочитајте ги и вашиот омилен денешен Крлевизам напишете ни го во коментар. До следниот петок, уживајте:

-Дојдоа генијалците, ги избркаа нормалните.

-Едни лаат, а други мафтаат со опашката. Касаат – вторите!

-Долгиот јазик е под контрола на пилешки мозок.

-Смартот треба да знае дека води потекло од механиката.

-Фото апликацијата ќе ве направи убави, ама не и шармантни.

-Откако се оженив, не верувам во хороскоп. Лав сум, а молчам како риба.

-Смеењето е уметност, а потсмевот – кич!

-Дојдов до вистината, а таа со поминат рок!

Афористичар

Атанас Крлевски

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.