Ликовна изложба на дела од учесници на Интернационална „Crown art“ колонија, вечерва, во Кавадарци
Изложба на дела од Интернационална „Crown Art“ колонија, вечерва, петок, 4 ноември, ќе биде отворена во галерија при Дом на култура „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци со почеток во 19:00 часот. Оваа изложба е дел од колонија којашто досега била изложувана во Неа Скони во Грција со учесници како од Македонија така и од Турција, Србија, Грција, Бугарија и Германија.
Сопственици како и финансиери на ликовната колонија се Татјана и Тони Илиоски додека куратор на ликовната колонија е Владимир Темков од Кавадарци, од Македонија.
-Природната убавина која Бог ја создал е поттик за човекот, од дамнешни времиња, да се труди да твори и да ја одржува со многу грижа, љубов и внимание. Сведоци сме дека уметноста е коренот на нашата душа, на традицијата и на љубовта на луѓето. Уметниците пак инспирирани и водени од нивниот креативен ум секојдневно се трудат да создадат и остават нивен белег во опшеството во кое денес живееме, дозволувајќи ни нас преку нивните дела да ја пронајдеме светлината,мирот и тишината, да се спознаеме себеси со сите овие работи кои ги носеме во себе. Следејќи ја уметноста и нивната работа бевме инспирирани и поттикнати и ние како семејство Илиоски да оставиме белег за нашето постоење, за нашите деца и поколенија што доаѓаат по нас. Со голема радост ги отворивме вратите на нашиот хотел „Crown“ во Неа Скони во Грција ,каде за прв пат се организираше Меѓународната ликовна колонија „CROWN Art Colony 2022“. Од срце им благодариме на сите уметници за нивното учество, придонес, дружење и секако благодарност за нивните прекрасни дела. Преку сликите на овие уметници Ви посакуваме добредојде во хотелот на уметностите и ве уверуваме дека и вие нема да останете рамнодушни на нивните прекрасни дела создадени на оваа ликовна колонија, рекоа организаторите на колонијата.
Инаку, оваа изложбата е дел од „Кавадаречка културна есен 2022“.
Стефани Манева