Македонско српската комедија „Обвинителка“ на сцената на кавадаречки Дом на култура
Претставата „Обвинителка“ ја третира денешната состојба во општеството. Одговара на низа прашања, како е да си обвинителка, како е да си вработен во обвинителство, како се бараат начини за спас од обвинение, љубов, ризик, бегство итн.
Претставата ќе биде изведена во четврток, на 27 април со почеток во 19:30 часот и петок, на 28 април, со почеток во 20:00 часот на сцената на Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе гостува македонско – српската комедија “Обвинителка“.
Авторна текстот е Огнен Неделковски, а режијата на Сашо Ристовски.
Во претставата улогите ги толкуваат Лидија Вукичевиќ, Магдалена Ризова Черних и Сашо Ристовски. Сценографија е на Крсто Богојевски, костимографија е на Елена Лука, музиката на Мишел Траковски и техничкото водство е на Диди.
„Поради ограничен број на седишта, влезници за претставата можат да се резервират на тел.број 075-347-370 исклучиво со СМС порака. Нагласете во пораката за кој ден и за која изведба. Доколку Ви е прифатена резервацијата ќе добиете повратен СМС. Влезниците по цена од 200 денари се подигаат на билетарница на Домот на културата најдоцна половина час пред почетокот на проекцијата. Доколку не бидат подигнати половина час пред проекцијата, ќе бидат пуштени во продажба. Остатокот од влезниците е во продажба на билетарницата два часа пред на почетокот на претставата. Претставата започнува точно во предвиденото време,“ соопштија од Дом за култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци.
Убавка Јаневска