Министерство за култура, годинава, финансира четири театарски претстави на велешки Театар и меѓународна соработка како и фестивалот “Стоби“

Објавено на 21 февруари, 2025 во 13:46

Годишната Програма за работа на Театар „Јордан ХК Џинот“ за 2025 година ја сочинуваат подготовките на четири театарски претстави за коишто од Министерство за култура ќе добие четири милиони денари. За реализација на Фестивал на античка драма 2025-та финансиската поддршка изнесува 800.000 денари додека за учество на фестивали, дома и во странство, уште 480.000 денари.

„Госпоѓа Министерка“ од Бранислав Нушиќ во режија на Синиша Ефтимов е првата театарска претстава за чијашто подготовка театарот ќе добие 1.400.000 денари, втората е „Искрените“ од Карл де Шамблен во режија на Владимир Милчин со буџет од 1.500.000 денари, третата е „Галеб“ од Антон Панов Чехов во режија на Александар Ивановски за која се предвидени 700.000 денари и четвртата „Не можам да платам, нема да платам“ во режија на Елеонора Теова којашто чини 400.000 денари.

Министерството двојно го зголеми финансирањето на театарот во споредба со минатата година.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.