Младите Викепедијанци се обучуваа за традиционалните музички инструменти, гајда и кавал
Вклучени во програмата на ГЛАМ Македонија за одбележување на 20 годишнината од Конфенцијата на УНЕСКО за зачувување на нематријалото духовно наследство, што се одбележува во целиот све, млади членови на „Вики клуб Велес“ учествуваа на обука за свирење на гајда и кавал.
Учесниците на работилниците прво имаа можност од осумдесет и пет годишниот, велешанец и гајдаџија, Лазар Петровски од Велес да слушнат многу информации за свирењето на овој традиционален македонски народни инструмент. Петровски ги запозна со почетоците на своето свирење, кога тој имал 48 години, како и за тоа дека љубовта кон инструментот му ја пренел неговиот вујко, кој исто така свирел на гајда. Учесните,исто така, ги добија сите информации кои се однесуваат на изработката на гајдатата, делови од кои е составена а потоа уживаа во звуците на музиката што ја свиреше овој најстар гајдаџија во Македонија. Петровски освен што свири исто така извонредно добро пее.
На втората работилница,младите Викепедијанци, за народниот инструмент кавал учеа од дипломираниот музичар и велешанец Филип Арилон. Тие беа љубопитни и поставија десетици прашања коишто се однесуваа на начинот на изработка и видот на музика што се музицира на овој инструмент како и зоштоАрилон одбрал да свири на народни традиционални инструменти.
Работилниците беа организирани и менторирани од матичниот википедијанец и професор Лила Арсова, којашто е координатор на клубот и се одржаа во Медиотека на Локална библиотека „Гоце Делчев“ во Велес.
Убавка Јаневска