Од Индија ново признание за македонската научна фантастика со името на велешанецот Љупчо Михајловски (фото и видео)

Објавено на 27 септември, 2024 во 15:29

Книгата „Ѕвездена прашина“ на велешанецот Љубомир Михајловски иако не објавена во Македонија се наоѓа на листата од 611 дела и автори којшто државна Фондација на Министерството за култура на Индија. Станува збор за издадено творештво на јазиците Хинду и Англиски. Информацијата е јавно објавена на интернет. Тоа е најнововото постигнување и во исто време презентирање на македонското творештвото од областа на научно – фантастичната поезија како и на работата на Центар за научна фантастика „Визија“.  

 

На задната страна на книгата „Ѕвездена прашина“ рецензентот пишува дека Амбасадорот Др Љупчо Михајловски е македонски деец во културата кој е признат на светско ниво по своите дела и во градењето на светскиот мир, но посебно во областа на научната фантастика. Тој е основач и претседател на „Визија“ – Центар за научна фантастика на Македонија, основана 1985 година. Неговата разновидна улога како учител, поет, режисер, новинар, мирен амбасадор, филантроп и посебно како теоретичар и писател од научна фантастика го прикажува како монументална фигура на модерното време на планетарно ниво. Тој е автор на бројни дела со врвен квалитет од книжевноста, теорија, проза, поезија, драма, филм, радио и телевизија кои се амблематични за неговото длабоко проучување и прониклив увид во егзистенционалната реалност. Научната фантастика, за којашто тој е водечки поборник, е област која со своите дела ја збогатува светската книжевна ризница со цел да го освести човештвото за најголемата опасност, за неговото постоење од мрачната страна на човековиот ум.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.