Понеделнички афористички поздрав од Коки: „Сезонава некои дами ќе носат бунди од првоаприлско крзно“
Прочитајте ги новите шест афоризми од велешкиот афористичар Коки. Љубовта, жената, политичарите се повторно негов фокус a насмевката на вашето лице загарантирана. Одберете го вашиот омилен афоризам и напишете ни го во коментар. Уживајте:
-Љубовта е најбезуспешниот обид на мажите да излезат на крај со една жена.
-Денес, во овие несигурни политички времиња секој, сегде се меша, дури и сопругата започна да ми се меша во бракот.
-Тој не успеа да се одбрани од нејзините пистојани напади и на крајот го положи оружјето: од неговото бело знаме излезе убав, венчален фустан.
-Сезонава некои дами ќе носат бунди од првоаприлско крзно.
-Сега е веќе јасно: вонредни избори ќе нема, значи дека овие енормни, бесрамни плати народните претставници ќе ги земаат РЕДОВНО, до година, до редовните парламентарни избори.
-Откако жената ме напушти и си замина, веќе не влегувам нити во спортските обложувалници: две премии би ми биле навистина, премногу.
Афористичар
Никола Бошков – Коки