Претставата „Сара“, во сабота, на сцената на велешки Театар „ЈХК Џинот“

Драмата за невротичната потреба за љубов, хистеричната потреба за внимание, растроената потреба да се сочува илузијата на секојдневието како и за човечкото и животинското во нас, за нагонот кој што сака самиот себе да се изрази, но и размисла за последиците,утре вечер, сабота 23 септември, ќе биде прикажана на сцената на велешки Театар. Претставата не се препорачува за лица под 16 години.
Во претставата настапуваат актерите Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Симона Димковска, Кристина Нацева, Самоил Стојановски и Славица Манаскова.
Автор на текстот е Катерина Момева и режисер Елеонора Теова. Сценографијата е на Филип Коруновски додека изборот на музиката е на Орхидеја Дукова.
Почетокот на претставата е во 20:00 часот.
Билетите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата на театарот кој работи секој работен ден од 10:00 до 14:00 часот и од 18:00 до 20:00 часот.
Убавка Јаневска
