Со концерт на ансамбл „Тиквеш“, вечерва, започнува „Кавадаречко културно лето 2023“
Објавено: 27 јуни, 2023, во 15:22 часот
На градскиот плоштад во Кавадарци, со концерт насловен „70 години фолклорна дејност“ на фолклорен ансамбл „Тиквеш“, вечерва, со почеток во 19:30 часот, свечено ќе биде отворена манифестацијата „Кавадаречко културно лето 2023’. Утре пак, на 28 јуни, во истото време и на истото место ќе биде одиграна претставата „Одам на лов“.
Богатата културна програма ќе продолжи на 29 јуни, кога на градскиот плоштад со почеток во 19:30 часот ќе бидат одржано „Бабини игри“ а на 30 јуни, петок, во Дом на култура „Иван Мазов Климе“ во истиот временски период, ќе биде прикажана проекцијата „Некрстени денови“.
Во сабота и недела, на први и втори јули, кавадарчани со почеток во 19:30 часот ќе имаат можност да ги проследат и спортските игри.
Оваа манифестација е под покровителство на градоначалникот Митко Јанчев како и Советот на општина Кавадарци.

Стефани Манева



