Спомен куќата на Кочо Солев Рацин денеска отворена за посетители (видео и фото)

Народен Музеј Велес денеска ја отвори спомен куќата на семејството Солеви во Велес за бесплатна посета. На чардакот во неа се одржа првата програмска целина „На гости кај Рацин“ со која започнаа јубилејните „60 Рацинови средби“.
Нарекувајќи го Рацин, „балкански Лорка“, директорот на музејот, Ангел Коруновски рече дека преку програмската целина „На гости кај Рацин“ што ќе трае 14 часа творештвото на поетот се доближува до посетителите.
Спомен куќата на Рацин е репрезент на староградската велешка архитектура смета дипл.архитект инжинер Станка Амбаркова која ги запознава посетителите со градбата но и со повеќе детали од животот на семејството Солеви.
Спомен куќата на Коста Соев Рацин веќе ги пречека првите посетители. Гости беа 22 ученици,од кои двајца од странство, на приватното основно училиште „Нова“ од Скопје. Професорката Лидија Вангелова Андреева ја прашавме како дојдоа на идеа ученици од Скопје денеска да дојдат во спомен куќата.



Во спомен куќата на Коста Солев Рацин, вечерва, со почеток во 19 часот ќе биде премиерно прикажан видео материјалот што го изработи Народна библиотека „Гоце Делчев“ од Велес во кое е прикажано творештвото на великанот.
Убавка Јаневска
