Велешкиот детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ ќе ги брани боите на Македонија во Шпанија
Во недела, на 22 април, во градот Тореавјеха во Шпанија хористките на велешкиот детски хор „Св. Кирил и Методиј“ ќе учествуваат во натпреварот по хорско пеење на програми избрани на конкурсот „Млади сигурно 2023“.
Македонските културни амбасадорки ќе настапат со избрани четири композиции „HBNR2“ текст на Ана Галиндо и музика на Хорхе Лопез, „Солена Хабанера на Рикардо Лафуенте Агуадо, „Куба е убава на популарен аранжман на М. Мартинез Гуирао, „Двојна песна- Популарна Македонија “ на авторот Стојан Стојков, под диригенство на професор Веселинка Маџарова.
Станува збор за лимитиран натпревар кадешто од сите апликанти преку видео снимки можеа да бидат избрани само четири хорови. Младите и амбициозни хористки на велешкиот детски хор „Св. Кирил и Методиј“ се еден од вкупно избраните хорови на ова реномирано и престижно натпреварување во Шпанија.
Во очекување на резултатите од натпреварот да посакаме и овие културни амбасадорки на Велес и на Македонија да се вратат во Велес со уште една, нова потврда за нивниот квалитет како впрочем и многупати до сега.
Стефани Манева