(Видео и фото) Велешани со длабок поклон за вечниот шегаџија Војче Китановски
Топлото и спарно време не ги спречи велешани, вчера вечер, да дојдат во спортската сала на ООУ„Блаже Конески“ и со своето присуство од една да му оддадат почит а од друга страна да присуствуваат и да уживаат во културно уметничката програма посветена на упокоениот македонски хуморист и акцијаш ветеран Војче Китановски.
Публиката на почетокот на хуманитарниот концерт му оддаде почит и слушна значајни податоци за тоа кој беше и што се содржи биографијата на човекот, хумористот и акцијашот ветеран, за кого добија или платија влезница со цел да се постави спомен обележје во „Парк на пријателство“ којшто во исто време го носи името на Војче Китановски во општина Гази Баба во Скопје.
-Војче пред се беше човек а потоа пријател,другар и хуморист, потенцираше Божана Кулафкова новинарка и сопственичка на Радио „Голди“ со кого Војче Китановски соработуваше со децении.
Публиката уживаше во настапите на естрадните уметници Круме Спасовски, Злате Атанасовски, Кате од група „Соната“ како и во убавите македонски кореографии на КУД „Коле Неделковски“ и Ансабл „Керамичар“, во песните на „ Велешка Чалгија“ и изведбите на македонските народни песни на гајдаџија.
Аудио снимките со најпознатите скечеви на Војче Китановски, коишто во два наврати беа пуштени на хуманитарниот концерт, повторно успеаја да ја насмеат публиката.
Организатори на концертот се Здруженијата на граѓани „Велешки Акцијаши“ и „Акцијаши Скопје“ кои соопштија дека продадоа 500 влезници и искажаа огромна благодарност на сите фирми и институции во Велес кои ги откупија како и од хуманитарните прилози кои беа пуштени во каса поставена, вчера вечер, пред влезот во спортската сала.
Убавка Јаневска