Во февруари, шест нови филмски проекции во велешкото кино
Февруари ќе биде биде месец на многу нови филмови, најавува кино прикажувачот „Киноверзум“. На големо платно во Велес ќе се прикажат филмски остварувања кои што ќе привлечат голем интерес како кај повозрасната така и кај најмладата публика.
„Киноверзум“ ги најавува прикажувањата на филмовите, комедијата „Астерикс и Обеликс: Средното кралство“, „Последниот танц на Магичниот Мајк“, „Ентмен и Осата: Квантоманија (од Марвел)“, ре-изданието на „Титаник“ и хоророт „Тропање на колибата“.
Додека, за помладата публика ќе се прикажува филмот „Најдобар роденден досега“, синхронизиран на македонски јазик.
Инаку, денеска, 30 јануари, на репертоарот на велешкото кино се филмовите Аватар: Патот на водата од 18:00 часот и Кит од 21:30 часот.
Влезниците се продаваат по цена од 200 денари за една кино проекција. Можат да се направат и резервации кај кино прикажувачот „Киноверзум“ на нивната фејссбук страница https://www.facebook.com/kinoverzum.
Стефани Манева