Во велешки театар, вечерва, театарска претстава „Самооткажаните“ по повод 120 години од Солунските атентати
Објавено на 27 април, 2023 во 12:05
Ученици од средното општинско училиште „Гимназија Кочо Рацин“ вечерва, во 18:00 часот, на големата сцена во народен Театар Ј.Х.К „Џинот“ ќе ја одиграат претставата „Самооткажаните“. Тие оваа претстава ја подготвија по повод 120 години од Солунските атентати.
Исто така, по овој повод во петок, ќе биде положено цвеќе и ќе се оддаде почит на Гемиџиите пред споменикот Гемиџии. Потоа во НУ Народ музеј Велес ќе биде одржана и свечена академија на којашто излагање ќе има проф. д-р Ѓорѓи Малковски со „По стапките на Гемиџиите – пред 120 години и денес“. Ќе биде одигран и драмски перформанс на МДПС „Премиера“ од Велес и ќе биде одржан музичко уметнички колаж во изведба на Орхидеја Дукова и Сашко Костов.
Стефани Манева