Врачено „Почесно Рациново признание“ на Пламен Тотев (видео и фото)
„Особено сум почестен со добивањето на Почесното Рациново признание затоа што знам што тоа значи за македонската литература,“ рече вчера вечер на доделувањето, годинешниот добитник на наградата Пламен Тотев од Република Бугарија.
Членот на Советот на општина Велес, Димитар Абрашев му го врачи признанието на последната вечер од годинешните јубилејни „60 Рацинови средби“. Тој беше со највисока функција од сите останати присутни гости во салата.
Годинешниот добитник Тотев во свеченото обраќање пред присутните додаде:
Во програмскиот дел „Поетски митинг“ настапија поголем број на поети од Македонија како и гости од Турција и од Србија.
Завршниот настан на “60 Рацинови средби“ место во Амфитеатар на Младински парк се одржаа во големата сала на општината поради врнежливиот ден и вечер.
Убавка Јаневска