Врачено Почесното Рациново признание на Анамарија Цинеге Панзова, со хуманитарен концерт завршија 61 Рацинови средби (Видео)
Со доделување на Почесното Рациново признание за 2024 година на Анамарија Цинеге Панзова од Будимпешта, Унгарија за значаен придонес во афирмацијата на македонскиот јазик надвор од границите на државата вчера вечер во Амфитеатар на Младински пар во Велес започна свеченоста на затворање на 61 Рацинови средби.
Признанието на Цинеге Панзова и го додели градоначалникот на Велес, Марко Колев. Годинешната добитничка на преодното признание се обрати и заблагодари со тоа што ја потенцираше заложбата за вклучување на што поголем број на млади Македонисти во Будимпешта како во превод на македонското литературно творештво така и во научно истражувачката работа.
На последната вечер од културно поетската манифестација посветена на основоположникот на современата македонска книжевност Кочо Солев Рацин се одржа и Поетски митинг на кој годинава поезија читаа 22 поети од Србија, Италија, Бугарија и домаќините од Македонија.
Вечерта заврши со Хуманитарен концерт за потребното лекување на малиот Мартин Талевски на кој што настапија ДНК, Андријана Јаневска, Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Мина Блажев и Марија Спасовска.
Убавка Јаневска