Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски побара Стружани да гласаат и за СДСМ!

Објавено на 14 март, 2013 во 09:05

Масовно да излезат на изборите на 24 март и да гласаат за заедничката листа на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ предводена од Ристе Чаушковски од СДСМ и да му дадат поддршка на Владо Кочовски за градоначалник на Струга од ВМРО ДПМНЕ побара Груевски.

„ Да гласате за Ристе Чушкоски, претседател на СДСМ во Струга. Да, јас Никола Груевсјки ви го велам тоа. На сите вас стружани. Заборавете ги партиите и политичката борба меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Струга има мака, Струга има проблем. Потребна е масовна поддршка за советничката листа во Струга“

Како што рече Груевски, без поддршка за советничката листа, работата нема да биде целосно завршена.

„Градоначалникот без мнозинство советници ќе биде со врзани раце. Гласајте за советниците. Ако не ја поддржите листата не сметајте дека сте го поддржале него. Без советниците Владо Кочоски нема да може да ги заврши работите, ќе биде градоначалник со врзани раце“, рече Груевски./Е.Н.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.