Реновирање на градскиот стадион, приортет во спортските проекти на Чадиев!

Објавено на 15 март, 2013 во 13:00

Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ Славчо Чадиев денеска презентираше дел од својата предизборна програма која се однесува на развојот на спортот во градот.

Ако ја добие довербата од граѓаните Чадиев најави дека локалната власт веднаш ќе бара да се расчисти имотно – правниот спор околу градскиот стадион, за да може тој да стане сопственост на општината.

„Планираме да ги уредиме трибините, да поставиме осветлување и да го замениме тартанот на атлетската патека. Педесетте илјади евра за овој проект ќе се обезбедат од буџетот на Општина Велес“, рече Чадиев.

Инаку реконструкцијата на градскиот стадион  е дел од 18-те проекти кои се опфатени во програмата на Чадиев  како кандидат за градоначалник, а се во делот на спортот и младите.

„Вложувањето во здравјето на младите и во поттикнувањето на спортскиот дух е инвестиција во иднината“, рече Чадиев.

Тој вели дека ја бара довербата на граѓаните за да работи за  иднината на поколенијата.\Б.Н.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.