Чадиев: Провокатори на СДСМ го попречуваа мини митингот на Мегдан!

Објавено на 20 март, 2013 во 15:10

Асвалтирање на улиците Крсте Мисирков, Белградска, Мирка Гинова, Страшо Пинџур, Лазо Осмаков Кумановска, дел од улица Самоборска, кривината кон болница. Асвалтирање на улици и изградба на тротоар за пешачко поврзување на населбата Тунел со населбата Превалец, асвалтирање и бетонирање на улиците во Керамидна, изградба на сервисна улица од Благој Ѓорев до Алексо Демниевски.

Изградба на пешачка патека од Жаба зграда до улица Борис Трајковски или поранешна Ленинова. Реконструкција на улица 8 март со паркинг простор, на улица д-р Христо Татарчев поранешна Марксова со уредување на паркинг простор, се дел од проектите во изборната програма на ВМРО ДПМНЕ со кој денеска довербата на велешани ја побара кандидатот за градоначалник Славчо Чадиев.

Тој вети подобрување на патната инфраструктура во општината,асвалтирање со реконструкција на повеќе улици во градот, поплочување на тротоари, изградба на паркинг простори, канали за атмосферски води како и реконструкција на 8 км од локалниот пат до село Иванковци.

„Убав и плански уреден простор е нашата визија за современ и поубав Велес како и за интегрирање на нашите семејства во него. Велес е општина која заслужува дела,“ рече Чадиев.

Тој соопшти дека синоќа на партискиот мини митинг во месноста Мегдан се соочиле со сериозни проблеми што им ги созадале двајца симпатизери на СДСМ како и дека само од присебноста на граѓаните кои присуствувале на изборното преставување на кандидатот за градоначалник и програмата на ВМРО ДПМНЕ било спречено провокациите да ескалираат во инцидент.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.